Нов Зеланд-бегство од “ветената земја“
Нов Зеланд одамна се третира како некаква „ветена земја“ за подобро и побогато живеење. Иако сместена на „крајот од светот“ оваа островска држава беше ( и се уште е ) магнет за заминување и на луѓето од Балканот, вклучувајќи ги и Македонците.
Но, последниве години, жителите на Нов Зеланд, па и оние кои од некаде во светот, се преселиле таму, масовно заминуваат од земјата.
Се иселуваат- најчесто трајно- поради високите трошоци за живеење и постојаниот недостиг на работни места, префрлајќи се во соседството- во Австралија.
Нов феномен на Пацификот
Според тамошната Агенција за миграција, на која се повикува британскиот весник „Гардијан“ кој се занинава со овој нов феномен на пацифичкиот остров, оваа година, заклучно со април, заминале од земјата 130 илјади новозеланѓани, што претставува рекорд во една тековна година.
Проценка е дека над 80 илјади жители на оваа островска земја, трајно заминале од Нов Зеланд, што е повеќе за 41 отсто во споредба со претходната, 2023 година.
Конечно, иселувањето на олку новозеландски жители. во една година, претставува и нов рекорд, споредувајќи ги сегашните податоци со оние од 2012 година , кога се регистрирани 72 илјади иселени лица.
Рекордно иселени лица
Во секој случај, Нов Зеланд останува земја која и натаму прима нови доселеници, па за една година на островите се населиле 155 илјади лица, што значи дека реалната бројка на нови жители не е поголема од 98 илјади. Најголемиот број од нив дојденци од Индија, но и од Филипините и од Кина.
Од друга страна, продолжува практиката – од островите да се замине во Австралија. Над 53 отсто од оние кои си заминале од Нов Зеланд, се населиле на овој континент-држава. Најголемиот број од нив- млади луѓе- стручни и образовани лица, како и оние кои штотуку дипломирале.
Речиси сите тие , како причина за одлуката на заминат во Австралија, за да живеат и работат таму, ја наведуваат скапотијата на животот во Нов Зеланд, тешкото наоѓање работа, можноста за замена на едно работно место за друго, како тешкптојата да се обезбеди стан и станбен простор. На остроивот, велат, тоа станало премногу скапо.
Заминување во соседна Австралија
Нема засега сознанија за реакција на властите за забрзаното заминување од оваа високразвиена и социјална држава, но економски експерти предупредуваат дека е време за запирање на овој процес, или за некакво ставање ред во него.
Во Агенцијата за миграција се посочуваат два главни фактори кои влијаат за иселувањето и заминувањето во странство и нив сите ги посочуваат.
Според нив, фактот дека над половината се префрла во соседна Австралија покажува дека лужето-самци и оние со семејство трајно заминуваат, затоа што бараат подобри услови за живот и тука треба да се бара и решението.
Скап живот- тешко до работа
Во Австралија работодавачите нудат за дојденците од Нов Зеланд и повисоки плати и подобри услови за работа и за напредување, но и подобри услови за градење повисок стандард.
Познато е од поодамна дека во Нов Зеланд се оди, за да потоа се пресели во Австралија, па сепак, секоја година станува се потешко – да се убедат луѓето кои си заминале и се иселиле, да се вратат назад на островите. Затоа што и понатаму се останати проблемите поради кои веќе заминале.
Економските експерти ги ставаат во преден план тешкотиите на младите и високо образувани лица , брзо да си го уредат животот и личниот стандард- низ можноста да се дојде до стан, или куќа.
Забрзано стареење на населението
Австралија го нуди и (велат) го обезбедува. Вклучувајќи ја и можностите да се најде брзо работа.
Владата во Нов Зеланд – според економисти- ќе мора брзо да изнајде решение за целата оваа ситуација со иселувањето .
Во спротивно се ризикува, поради забрзаното стареење на населението, земјата да остане без младите, а тоа веќе станува голем општестевн и економски проблем.
Младите се неопходни за ново покренување на иновативноста и продуктивноста на новозеландската економија- предупредуваат економистите, па затоа тие не може така лесно да се „извезуваат“ во соседството.
(И.Г.)