Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Франција со нов премиер

Франција со нов премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон го именува ветеранот во француската политика Мишел Барније за нов премиер на Франција.

Неговото именување доаѓа безмалку два месеци после вонредните парламентарни избори на кои ниту една партија од трите блока- на новата француска левица, на макроновите центристи и крајната десница- не успеаја да обезбедат доволно јасно мнозинство во новиот состав на Парламентот, за да може од него  претседателот да  именува нов премиер.

Барније кој има 73 години и е најстариот премиер на земјата, во модерната историја на Франција.

Обединети во служба на државата

Според париските медиуми кои се повикуваат на соопштението на Елисејската палата,  новиот премиер од Макрон има добиено задача- да создаде влада со  силно единство, обединета во служба на интересите на државата.

Барније е дел од француските републиканци, десно-центристички определени. Во минатото беше министер во една од владите кои ги има создавано оваа партија. Во два мандати беше комесар во Европската комисија во Брисел , а во европската јавност остана запаметен како трпеливиот, но и остар преговарач на ЕУ со владата на Британија , околу Брегзит.

Во француската политичка јавност, меѓутоа,  тој важи за „невидлив“ , разочаран што неговите републиканци не ја прифатија неговата номинација за претседателски кандидат , за изборите што се одржаа во 2022 година.

Вакум по изборите од 7 јули

Несудениот противкандидат на Макрон, сега со него ќе треба заеднички да го одработат периодот од следните, помалку од три години од неговиот втор претседателски мандат.

Барније доаѓа на премиерската функција после Габријел Атал (од редовите на макроновите центристи) кој беше досега намладиот шеф на една француска влада.

Франција беше во политички вакум после изборите на 7 јули кои Макрон (неочекувано) ги закажа откако на изборите за Европски Парламент, најмногу гласови освои крајнодесничарската партија на Марин ле Пен.

Изгледаше како коцкање и „руски рулет“ да се оди на ново гласање- овој пат за францускиот Парламент- во услови на еуфоријата на ултрадесницата и на француските националисти. Но, коцкањето и ризикот од можен триумф и  власт на ултрашите,  се исплатеше.

Две различни гласање на Французите

На овие избори Французите, сепак,  гласаа сосема поинаку, па наместо победа , Ле Пен и нејзините ултрадесничари останаа дури трети. Пред нив беа новата левица и центристите на Макрон, но таквата разврска  не овозможи ниту брзо именување премиер, а ниту создавање нова влада.

Одлуката за премиерот се развлече уште повеќе, затоа што партиите се согласија политиката да мирува во време на Олимписките игри.

Така се случи за прв пат од создавањето на француската Пета република, во 1958 година, Франција толку долго време да нема стална влада и да остане со технички кабинет.

Претседателот Макрон, претходно, одби да ја прифати Луиз Кастас (37) за кандидатза нов премиер од новата левица. Станува збор за економист  и државен службеник, позната и како левичарски активист.

Тешка задача за Барније

Објаснувањето на претседателот беше дека еден таков премиер нема шанси да го преживее барањето за доверба во Парламентот, па на крајот се определи за искусен политичар и трпелив преговарач.

Тој меѓутоа се соочува со ни малку лесна задача.

До 1 октомври ќе треба да се презентира новиот буџет на Франција за 2025 година и тоа во услови кога долговите на државата постојано се зголемуваат и веќе се на 110 отсто од француското годишно производство.

Франција оваа година веќе има намален кредитен рејтинг кај „Стандард енд Пурс“, а беше критикувана и од Европската комисија за прекумерниот дефицит.

(П.Ф.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе