Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Американски санкции за руското РТ

Американски санкции за руското РТ

САД воведоа санкции за раководството и уредничкиот врв на кремљовскиот медиум РТ, доскоро познат како Раша Тудеј, пропагандистичка телевизија на рускиот режим, откако беше откриено дека овој медиум се меша во американските претседателски избори.

Санкции се воведени за шестмина функционери и уредници на РТ, меѓу кои е и Маргарита Симонијан, еден од водечките пропагандисти на Владимир Путин и на власта во Русија, која е позната и како и силен подржувач на инвазијата и потикнувач на војната во Украина- за сурово казнување на украинското „предавство“.

Пропагандисти и хакери на Кремљ

На удар на американските санкции се најдоа и хакерите кои се вклучени во руската операција и (наводно) невладините организации за кои, меѓутоа, се знае дека се под капата на Кремљ и се поврзани со режимот.

Санкционирани се и лидерите на групата РаХДит, за кои се тврди дека се прокремљовски хакери , кон што е придодадена и организацијата Дијалог која лаѓно се прикажува дека е невладина.

Американските власти сите нив ги обвинуваат за користењето на вештачката интелигенција во веќе раширената кампања за ширење на дезинформации и лажни вести , директно насоченни против изборната кампања во САД.

Координирана акција

Станува збор за – како што се вели во Вашингтон-координирана акција против „злонамерното руско влијание „ во изборната кампања, користејќи ги медиумите на Кремљ, како параван за операцијата која се означува и како обид за поткопување на демократските институции во Америка.

Како дел од оваа координирана акција, Стејт департментот воведува нова политика за ограничување на визниот режим, но и нови прописи  во законот за странски мисии, а ја обновува и понудата од 10 милиони долари за награда за правда.

Стејт департментот се определи, руските медиуми- Русија Сегоднја, РИА Новости, РТ (Раша Тудеј), ТВ Новости, како Руптил и агенцијата Спутник- да ги третира како странски мисии, затоа што -практично- тие се под контрола на власта и се дел од власта во Русија.

Визни ограничувања

Затоа сите овие правни лица, сега, ќе мора да ги известат властите за целиот свој персонал кој работи на територијата на САД.

Тие исто така ќе мораат да го откријат и целиот свој недвижен имот во Америка.

Визните ограничувања, пак, се воведуваат за оние кои прикажувајќи се како новинари и медиумски работници, „подмукло дејствуваат“ на штета на изборната кампања.

Што се однесува до враќањето на системот – награда за правда- станува збор за награда за добивањето информации за странци кои се обидуваат да влијаат, или директно се мешаат во изборите.

Случајот со изборите во 2016

Зад сето ова стои (основаното) сомневање на Вашингтон дека Русија упорно продолжува- со ширење на дезинформациии- да влијае врз изборите.

Во 2016 година, Русите силно навивајќи за тогаш анонимниот Доналд Трамп, извршија хакерски упад во штабот на Демократската партија. Откраднатите материјалите му ги дадоа на Викиликс кој ги објави на три дена пред гласањето.

Се смета дека таа руска интервенција директно влијаеше врз рејтингот на Хилари Клинтон која до тогаш беше во предност на анкетите. Трамп победи и стана претседател, иако Клинтон имаше добиено повеќе народни гласови.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе