Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Не си херој ако не работиш со ФСБ“

„Не си херој ако не работиш со ФСБ“

Основачот и директор на „Телеграм“ – шифрирана апликација за размена на пораки- Павел Дуров , кој беше уапсен од француските власти врз основа на цела низа серозни кривични дела, за кои се водела претходна истрага, не е повеќе во притвор.

Парискиотр суд, меѓутоа, не го ослободи, иако за него се уште нема обвинување.

Тој не смее да ја напушти Франција, мора два пати во неделата да се јавува во полицијата, да плати пет милиони евра (како гаранција) што за некој кој има богатство од 15,5 милијарди долари е ситница и во секој случај, останува како лице под истрага. Таа сега е официјализирана и наложена од судот.

Минимизирање на случајот

Нема никакво бранување во европската јавност во врска со овој руски тајкун, со пасоши на дури четири земји. Но затоа случајот со Дуров продолжува да има висок третман во Русија и во тамошната јавност.

Сепак, за разлика од тревогата која ја покренаа угледни про-кремљовски медиуми, исто такви аналитичари, како и воинствените блогери, Кремљ продолжува да се однесува како сето тоа во Париз и да не се случува.

Според московски извори, впечаток е дека сега на секаков начин се настојува апсењето на Дуров да се минимизира и да се намали неговото значење. Дури и од руски (неименувани) функционери се вели дека „апсењето на првиот човек на „Телеграм“ било неизбежно“,  со објаснувањето дека (наводно) -било јасно оти никој него нема да го остави да биде неутрален.

Медведев го советувал Дуров

Еден таков функционер целата оваа ситуација ја објаснува , повикувајќи се на изјава на поранешниот претседател ( и премиер) на Русија, Дмитри Медведев за кого се тврди дека за случајот рекол дека -„Дуров и Кремљ сега имаат заеднички непријател“- секако, мислејќи притоа на Западот,

Се прераскажува она што (се тврди) дека Медведев му го рекол на Дуров, кого го предупредувал дека ќе има проблеми надвор од Русија, затоа што одбил да соработува со руската разузнавачка агенција ФСБ.

Ова би требало да изгледа како ,безмалку, татковско советување, а всушност, е натамошно демистифицирање на самиот Дуров кој тврди дека апликацијата, преку која ги има направено парите,  ќе остане независна, додека  од Медведев се разбира, дека тој бил близок со власта која му нудела соработка.

„Патриотска“ соработка со тајната служба

Поранешниот шеф на државата ( во еден мандат од четири години) сега се цитира за да се „разбрала  суштината на целата ситуација околу „Телеграм“. А, таа е дека -„оној кој ќе одбие да соработува со тајната служба ФСБ (наследник на поранешната КГБ) не може да биде патриот и да се смета за херој во Русија“,

Според овој извор, кој се повикува на Медведев,  токму затоа Москва сега не прави ништо за да се создаде поинаква слика за осомничениот Дуров во руската јавност- прикажувајќи го како некаква жртва на „страшниот“ Запад кој не ги сака Русите.

Поранешниот руски претседател, во основа, ја урива сликата што основачот на „Телеграм“ настојува да ја одржи- за својата неутралност- затоа што знае дека само со тоа може да ги задржи  своите корисници.

Москва крева раце од „Телеграм“ ?

Дуров, навистина, во 2014 година, во време на првата руска инвазија врз Донбас и Крим, одбил да му помага на ФСБ, но пак, затоа , познато е дека бил максимално кооперативен во случајот со Алексеј Навални и неговата НВО.

Конечно, тајната служба, сепак, не му пречела таа година  да избега од Русија , а војската (според московските медиуми) масовно да ги користи „Телеграм“ и неговата кодирана апликација.

Не чуди , затоа, што изворот на кој се повикува и независниот медиум Медуза, има речено дека –  кога ние (Русите) не успеавме да го смириме (Дуров), други тоа ќе го направат. Како и тоа дека -сега е веќе доцна да му се помага, односно, дека „Телеграм“ треба да знае оти работата, надвор од Русија, е „најлошото решение“.

Сето ова изгледа како Москва да ги има „пуштено низ вода“ и директорот и неговата апликација.

„Случајот е личен проблем“

Се тврди  дека „Телеграм“ (засега) работи и не е блокиран, а руската војска ја смирува јавноста за тоа  дека нема да настрадаат воените операции на украинскиот фронт.

На ваков заклучок упатува и изјавата на висок функционер на путиновата партија Обединета Русија , кој случајот со Павел Дуров го опишува како „работа за жолтиот печат“ , за таблоидите и како „негов личен проблем“.

Така или не, сериозни аналитичари проценуваат дека зад оваа тактика на  Москва, останува да виси во воздухот стравот дека тој како основач и директор, или некој друг од компанијата, ќе пропее.

Што ќе рече- ќе им ја предаде тајната шифра на француските истражни органи, овозможувајќи пристап до корисниците на апликацијата.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе