„Помогнете да не убивам“
Италијански негувател кој им помагал на стари, немоќни и заболени лица признал дека има убиено најмалку четворица за кои, инаку, секојдневно водел грижа.
Веста за ваквото признание на 48 годишниот убиец ја шокира италијанската јавност, а посебно тоа што никој досега нема откриено ништо сомнително во неговата „хумана“ работа. Особено во умирањето на старите лица- прифаќајќи ја нивната смрт како нешто што не изненадува.
Според весникот „Кориере дела Сера“ негователот-убиец самиот се пријавил во полицијата и во придружба на адвокат дал изјава во која признава дека не знае точно- колкумина од старите луѓе кои ги негувал- умреле како последица на неговите „методи на негување“.
Знае само дека неговата најстара жртва имала 96 години.
Изјавил дека луѓето ги убивал од „милосрдие“- за да повеќе не страдаат и за да не се измачуваат-живеејќи како што живееле. За тоа користел лекови, најчесто тие кои жртвите редовно ги користеле, давајќи им прекумерно висока доза.
Полицијата го упасила и сега истражува за да утврди во колку случаи- смрта на заболени, стари лица би можеле да се третира како сомнителна.
Особено што негувателот -убиец се грижел и негувал 30 лица. Ги посетувал во нивните станови и куќи, каде нивните блиски, или соседите ги наоѓале починати.
Со негувањето се занинавал повеќе од десет години и за него се знае дека немал никакво медицинско образование, ниту пак кога почнувал, имал искуство со негување луѓе.
На полицијата им се обратил со молба која звучи крајно морбидно- „Помагнете ми да престанам да убивам“!