Заробени во вселената
Двајца астронаути на американската вселенска агенција НАСА, кои сега се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица (ИСС) – поради технички проблеми со вселенското летало „Старлајнер“, нема да може да се вратат на Земјата во следните шест месеци.
Бари Вилмор и Санита Вилијамс ќе може да се вратат дома дури во февруари 2025 година и според признанието на НАСА- враќањето нема да биде со бродот „Старлајнер“ со кој се имаат искачено до вселенската станица, туку со леталото „Кру Драгон“ на Спејс-Икс.
Наместо седум денови- девет месеци
Астронаутите Вилмор и Вилијамс на ИСС се наоѓаат од почетокот на јуни, како посада која се искачи во вселената со првиот тест лет на „Старлајнер“.
Мисијата требаше да трае само седум денови, но техничките проблеми кои се појавија во меѓувреме, предизвикаа таа да се оддолжи на вкупно девет месеци.
„Старлајнер“ е летало на компанијата Боинг и тоа е замислено да биде за повеќекратно користење. Има капсула која е висока три метри и таа е наменета за посада, како и за сервисен модул.
За разлика од „Кру Драгон “ на компанијата Спејс-Икс на Илон Маск, леталото „Старлајнер“ не слетува во вода, туку на сува површина. Станува збор за приземјување како на леталото „Спејс Шатл“ на поранешната НАСА, што престана да се употребува уште во 2011 година.
Операција за спасување
„Старлајнер“ во меѓувреме се соочува со нови дефекти, па останува прикачен за ИСС, без можност да се одели од Меѓународната вселенска станица. Враќањето на двајцата астронаути заробени во вселената , веќе беше на неколку пати одлагано.
Според спецификацијата, ова летало на Боинг и на НАСА може да остане прикачено за ИСС 45 денови.
Не е познато, меѓутоа, што би можело да се случи со леталото, после тие еден месец и полови. Тоа сега станува особено важно , кога се знае дека двајцата астронаути ќе останат во вселената- чекајќи на операцијата за спасување – се до февруари следната година.
ИСС кружи околу Земјата на височина од 400 км.