Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

ЦИА ги средува балканските мангупи

ЦИА ги средува балканските мангупи

Вилијам Барнс, директорот на американската ЦИА, неколку денови, во неделата што изминува, сосема неочекувано, престојуваше на Балканот.

Среде лето, во време на годишните одмори во земјите во регионот, првиот човек на најмоќната разузнавачка агенција, имаше средби и разговори во Сараево и во Белград, како и во Приштина.

Но, се тврди дека бил и во Скопје и во Софија, иако за тоа нема никаква потврда, како што нема ниту демант- било од македонска, или од бугарска страна.

Иако , какви сега се состојбите во двете земји- има за што Барнс би можел да разговара. Посебно во Северна Македонија, по преземањето на власта од страна на тамошната националистичка, анти- западна партија, која веднаш создаде соседска криза- со земји од НАТО.

Престој во регионот што создава кризи

Велат дека посетите на еден ваков човек, не се нотираат и за нив не се издаваат официјални соопштенија. Особено што Барнс престојуваше без претходно тоа на некој начин да биде најавено.

За посетата на регионот, сепак,  се разбра од медиумите- оние во Сараево кои го одбележија протоколарно она што се случувало во БиХ. На тој начин  се откри дека Американецот доаѓа и во Белград, без разлика на (се уште) присутниот молк на властите, иако пак српските медиуми открија дека директорот на ЦИА престојува и во Косово.

Посетата на главниот град на Србија , во секој случај, покажа дека без разлика на некаква вообичаена пракса, за вакви посети, американската страна покажа дека сака да се знае оти овој искусен и долгогодишен дипломат, сега и директор на ЦИА кој е и член на потесниот кабинет на претседателот Џо Бајден,  се наоѓа во најтурбулентниот регион во Европа.

Барнс на Балканот

Според Радио Слободна Европа/Либерти (РСЕ), сознанието дека Барнс е во Приштина било добиено од „откритието на неговите новинари“ за воениот (американски) авион паркиран на ВИП локацијата на приштинскиот аеродром. Истиот авион со кој тој долетал и во Сараево, а потоа се префрлил и во Белград.

Во меѓувреме, се тврди дека во четвртокот (22 август) овој авион има летано и кон Северна Македонија, а и кон Бугарија. Ваквата информација е добиена врз основа на сознанијата на интернет страницата за следење на авионските летови- Флајтрадар (Flight radar).

Како и да е, балканската турнеја на директорот на ЦИА почна на 2о август во БиХ, каде тој имаше средба со луѓето од босанската тајна служба, но и со Претседателството на БиХ, како и со шефот на дипломатијата.

Опасниот „српски свет“

Неименуван американски функционет има изјавено за РСЕ  дека причина за неочекуваната посета на Сараево е „состојбата во регионот, кревката ситуација во БиХ, како вознемирувачката сепаратистичка реторика и опасното дејствување на Милорад Додик и на власта во српската енклава Република Српска“.

За РСЕ која се финансира со средства на американската држава, Додик не е само опасен српски националист, туку и тоа дека од функцијата која ја има – дејствува силно проруски и од позициите на Владимир Путин.

Посетата на Белград се означува како уште понеочекувана, иако е разбирлива кога станува збор за БиХ и Република Српска и за дејствувањето на власта во Белград која не само што е замешана во босанската криза, туку и во додиковиот сеператизам низ промовирањето и силното потикнување на т.н. „српски свет“.

А, тоа е основата врз која српскиот национализам го храни обединувањето на енклавата на Србите во Босна, со Република Србија.

Молчење на власта во Србија

Станува затоа разбирливо- зашто за посетата и престојот на Барнс во Белград не е ништо соопштено и зашто се уште се молчи- како ништо да немало.

Многу е веројатно дека белградската средба била „мошне тврда“ , а пораките на Американците  остри и дури предупредувачки, што се гледа од единствената реакција на режимските медиуми.

Таблоидот „Информер“- антизападен по ориентацијата, русофилски настроен и моќен подржувач на власта- посетата на Барнс на регионот ја има оценето како „скитарање“  во кое „Америка нешто мува“- праќајки притоа порака од Белград дека-  гостинот нема што да бара.

Сепак, за белградски независни аналитичари, посетата на Барнс не е ниту случајна, а ниту без цел, а се одвива во тајност и во време на длабока политичка криза во Србија- во која директно е замешана Москва со нејзината тајна служба.

Белград и Приштина против решение

Згора на тоа, српската страна  не сокрива дека настојува по секоја цена да го одложи, или ако може и трајно да го  спречи нормализирањето на односите со Приштина- продожувајќи да создава криза на косовскиот север, имајќи притоа во премиерот Албин Курти извонреден „партнер“ за нерешање на косовскиот јазол.

Проценка е дека Барнс во Белград има барано Србија да тргне раце од српската енклава во БиХ- строго почитувајќи го нејзиниот  територијален интегритет  и нејзината сувереност.

Притоа- како екс дипломат (поранешен амбасадор на САД на Блиски Исток и во Русија) за кого се вели дека секогаш бил близок до безбедносните прашања- сигурно е дека тој не беше дојден да „скита“ низ Балканот, туку за да ги доведе во ред и да ги дисциплинира  мангупите во регионот.

Остро предупредување за Курти

Особено, што посетата уследи по острото предупредување на амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховеније до косовскиот премиер.

Пред се, за да престане со создавање криза во невреме и да носи самоволни решенија, како сегашнито,  со отворање на мостот на Ибар, во поделена Митровица. Без координација со земјите од Квинта, со ЕУ и САД кои стојат зад настојувањето да се стави ред- со нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.  Затоа Барнс се сретнал и со претседателката на Косово, со косовската тајна служба, но отпосле и со премиерот Курти.

На тој начин посетата која изгледа дека е  во „необично време“ , стана и нормална и потребна, бидејќи Западен Балкан (одново) стана проблематична точка на југот од Европа, во регион на НАТО ,каде 0свен Србија, сите се членки на Алијансата.

Уште повеќе што токму ЦИА има оценето дека во оваа 2024 година регионот е закана не само за американските интереси, туку и за Западот и за Европа.

Апсење на водачот во Бањска ?

Во Белград се проценува дека Барнс дојде веднаш по посетатат на помошникот на генералниот секретар на НАТО, а тој не сокри ништо туку на српската јавност и кажа дека од власта се бара да биде целосно коопертивна за двата тешки инциденти на Косово.

Едниот е нападот на Срби врз силите на КФОР, извршен во најмилитантото српско место- Звечан, за кој се верува дека е потикнат од Србија, како и за апсењето на водачот на паравоената српска милиција Милан Радојчиќ, во Бањска, во септември минатата година кој и натаму слободно живее во Белград.

Тој е поранешен заменик лидер на партијата на Србите- Српска листа- која е под директна контрола на власта во Белград и велат се има претворено во богат бизнисмен, благодарејќи само на врските со СНС- владеачката партија во Србија.

Сето ова се поврзува со посетата на Емануел Макрон на Белград (29/30 август), затоа што според српски косовски извори, таа била условена со апсењето на Радојчиќ.

(О.У.)

 

 

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе