Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Шпанската грозница„ и во Германија

„Шпанската грозница„ и во Германија

Канарските острови и Барселона ја покренаа своевидната антитуристички „грозница“, п0 што се приклучија и другите градови во Шпанија, а и во Португалија- за спротивставување на преголемиот број странски туристи. Посебно гневни на порталите на интернет кои нудат посредување при изнаоѓањето (поевтино) сместување од она во хотелите.

Тие толку се развија што станаа силна конкуренција на хотелите и на туристичките агенции, нудејќи им заработувачка и профит на сите локални станодавци кои имаат екстра станбен простор.

„Загрозен пазарот за недвижнини“

Наместо за издавање , под кирија, за локалното население и за оние кои не можат да си купат свој стан, станодавците своите станови сега ги претворија во туристички објекти. Издавајќи ги за туристи и гости, заработувајќи притоа многу повеќе.

На тој начин, гневот на оние кои живеат под кирија, како и на хотелиерите и на градските власти- од Пиринеите, се пресели и во Германија, иако станува збор за земја во која не се оди на летување, но каде во текот на целата година, сепак,  има многу странски гости.

Тие, пак, и таму ги користат услугите на порталите кои обезбедуваат сместување, а тоа го покажа годинешново лето, па овие портали се обвинуваат дека „го загрозуваат пазарот со недвижен имот“ и на тој начин создаваат политички проблеми за локалните власти.

Блокада на порталите ?

Од неколку германски градови, затоа,  се најавува дека ќе ги забранат ( блокираат) ваквите портали на својата територија.

Ова лето беше преплавена од странски гости, пред се, поради Европското првенство во фудбал и со неколку мега-концери на ѕвезди какви се една Адел и Тејлор Свифт. Имаше огромна побарувачка за сместување , при што сите имаат барано тоа да биде што е можно поевтино.

Овој јуни, во Минхен, Гелзенкирхен и Диселдорф, на пример, каде се играа фудбалските натпревари, гостите имаат потрошено многу пари за храна, пијалоци, како и за сместување.

Но,  хотелиерите признаваат дека немале голем профит од тоа- само три отсто тој е поголем во споредба со јуни минатата година. Според сите анализи- „кајмакот го има собрано“ еден од тие портали (AIR-BNB).

Гнев на хотелиерите

Хотелиерите се жалат дека минималната заработувачка што ја имаат забележано е затоа што иако имало Европско првенство во фудбал, го немало она што би се одржувало во нормални прилики во тоа време- бројни конгреси и разни советувања на кои има многу гости.

За порталите , меѓутоа, тоа не е ситуација со која тие се соочуваат. Затоа што сега се повеќе се бара такво сместување, бидејќи може да се приготвува храна во изнајмениот стан, па на тој начин,  се заштедува на трошоците за храна и за пијалоци во рестораните.

На пример, за концертите на пејачката  Тејлор Свифт во Минхен, побарувачката за сместување преку овој портал било зголемено за цели 600 отсто.

Голем профит за станодавците

Во Гелзенкирхен, пак, каде најчесто нема туристи и гости, затоа што станува збор за индустриски град, побарувачката за истиот повод се зголемила дури за седум илјади отсто. И двете бројки споредени со податоците од минатата година.

Ако хотелиерите се незадоволни, сите  издавачи на станови (преку порталот)  признаваат дека имаат остварено голема заработувачка- далеку поголема од онаа доколку становите би ги оставиле на пазарот за изнајмување под кирија.

Ваквата состојба, некои градски власти имаат намера да ја разрешуваат- со забрана за порталите за изнајмување. Ова решение, колку што се знае, се уште не се споменува во Шпанија или во Португалија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе