Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Принцот Хари го обвинува братот Вилијам

Принцот Хари го обвинува братот Вилијам

Британскиот принц Хари, помладиот син на кралот Чарлс Трети го обвинува својот постар брат Вилијам, сега престолонаследник и принц од Велс дека е дел од валканата и некоректна кампања во медиумите, посебно во лондонските таблоиди против него и неговата сопруга Меган Маркл.

Во најновите продолженија од документарната серија на Нетфликс за состојбите во кралското семејство, Хари открива дека постариот брат се нафрлил и врескал кон Хари , кога семејството разговарало за решението на помладиот брат да се откаже од сите свои дотогашни официјални, кралски задикженија, пред безмалку три години.

Притоа помладиот брат  ги обвинува лондонските медиуми дека се директно виновни за спонтаниот абортус на Меган, пред да се роди нивното второ дете , ќерката Лилибет. Но, го критикува и своето најблиско семејство дека не само што ништо немаат направено за да го спречат и да го прекинат негативното и тенденциозно пишување во медиумите, туку според него, семејството  сето тоа, активно го има потикнувано.

„Ова е валкана игра“

„Станува збор за валкана игра. Истекуваат информации од палатата, но има многу и намерно подметнати приказни. Значи ако луѓето од ПР секторот сакаат да тргнат, или да потиснат една негативна приказна, тие знаат добро како тоа може да се направи- за некого од семејството“- има речено Хари.

Тој потсетува дека со братот Вилијам се имаат договорено да не дозволат одново да се случи она што се случило со кабинетот на нивниот татко, кралот Чарлс.

„Попрво би дозволил да ме распарчат и да ме уништат во медиумите, отколку да играм една таква улога, или дури и да се пазарам. Но, гледата како кабинетот на мојот брат го прави токму она за што ние двајцата се договоривме и си дадовме збор- еден на друг- тоа никогаш да не го направиме. Сознанието за тоа ми го скрши срцето.„- има речено Хари не давајќи попрецизни детали.

Хари и Меган, или војводата и војвотката  од Сасекс , како што се нивните официјални титули, се повлекоа од кралските обврски во март 2020 година. Официјално , објаснувањето беше дека сакаат да почнат нов, заеднички живот, тогаш заедно со нивниот првороден син- Арчи.

Бурна кавга во Сандригам

Многу брзо стана јасно дека обајцата бегаат од Британија во Америка, за да бидат подалеку од речиси секојдневното вознемирување ( на таблоидите) хранети со сплетките што ги придаваат членови  на домаќинството, кои по правило, би требало да ги покриваат приватните работи и остојби.

Војводата и војвотката , во еден момент , имаат речено дека останувањето во Британија, во кругот на семејството, претставувало закана за нивното ментално здравје.

Објаснувајќи детали од семејната средба , одржана на кралскиот имот Сандригам, на кој освен Хари и Вилијам биле и покојната кралица Елизабета и таткото Чарлс, налутениот Хари раскажува дека „делувала застрашувачки “ целата атмосфера во просторијата.

На една страна, братот кој вреска без основа и му се извикува на Хари, на друга, таткото Чарлс кој зборувал работи кои не се вистинити и на трета страна –  „мојата баба која тивко седи во еден дел од собата и сето тоа го прифаќа“.

Целосно нарушена блискост

Бакингамската кралска палата, како и кабинетот на принцот Вилијам имаат одбиено да го коментираат документарецот на Нетфликс , како и изјавено  дека нема да реагираат на она што е изнесено во него. Но, за прв пат, од двете места се тврди дека не биле контактирани од компанијата за да има коментар за целата серија.

Во меѓувреме и сите оние кои во документарната серија имаат зборувано во полза на Хари и Меган, како што е тоа  еден од поранешните помошници на брачната двојка, сега ( преку свои претставници за печат) и тој и други  тврдат дека она што е снимено и речено , а се однесува на нив- е „целосно лажно“.

Каква и да е вистинската вистина за односот на двајцата браќа кои британската јавност се уште ги памети додека чекорат зад ковчегот на нивната мајка, принцезата Дијана,  сосема е јасно дека некогашна блискост, од времето пред свадбата на Вилијам со Катрин Мидлтон, е целосно нарушена.

И се вели дека е големо прашање дали таа воопшто,  би можела  некогаш да се обнови.

„Оставете ја Меган на мир“

Од друга страна, од она што го зборува Хари , излегува  дека судирот меѓу двајцата браќа,  се покренал откако Хари започна врска со Американката Меган Маркл- актерка, разведена и дете од расно мешан брак.

Никој тоа не го споменува , но уште не почетокот на нивната врска  , принцот Хари  во официјално соопштение ( ноември 2016 годона), остро реагираше на текстовите што уште тогаш се појавија во лондонските весници, обвинувајќи за прикриениот расизам кај Британците. „Оствете ја Меган на мир“- има тогаш напишано Хари.

Подоцна, кога кризата меѓу браќата почна да се отвора, а весниците се утркуваа кој повеќе ќе ја дискредитира Меган- Хари има изјавено дека нема да дозволи, она што се случи со неговата мајка, да се повтори уште еднаш, со неговата сопруга.

Хари, но и Вилијам, инаку,  ги обвинуваат  медиумите , за трагичниот крај на нивната мајка која пред 25 години загина во сообраќајна несреќа во Париз, бегајќи од фоторепортерите кои ја следеа на секој чекор со нејзиниот партнер Доди ал Фаед.

Индиректно, помладиот брат го обвинува постариот дека сега тој тоа им го прави нему и на неговата сопруга- оставјаќи во весниците  Меган да се прикажува  како виновник за раскинувањето на нивната братска блискост.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе