Принцот Хари го обвинува „Дејли Меил“ за прислушување
Британскиот принц Хари, пејачката ѕвезда Елтон Џон , како и уште неколку други познати лица од јавниот живот во Британија, како актерките Сејди Фрост и Елизабет Харли, но и партнерот на сер Елтон, режисерот Дејвид Фариш, покренаа судска постапка против компанијата Асосиед Њузпејперс, издавач на лондонскиот таблоид „Дејли Меил“.
Тужителите, меќу кои е и мајката на трагично настраданото црно момче Стивен Лоренс, убиено во расистички напад во 1993 година, при што британската полиција се има обрукано, го обвинуваат весникот дека ги прислушувал нивните телефони, но и дека на разни други начини ја има прекршено нивната приватност.
Нарушена приватност
Сите тие тврдат дека имаат докази дека новинската компанија, ја има сериозно нарушено нивната приватност , со поставување специјален уред за за прислушување на мобилните телефони во куќите во кои живеат , како и во автомобилите, за да ги ловат нивните разговори за правање и објавување ексклузивни вести.
Хари и неговата сопруга Меган Маркл се блиски пријатели со Елтон Џон кој во времето кога принцот и Меган објавија дека се откажуваат од сите кралски обврски и почести им го има позајмено својот приватен авион, за да заминат на одмор во вилата на пејачот на Азурниот Брег во Франција.
За ваквиот пријателски гест на Елтон Џон тужениот весник правеше ексклузивни прилози , обично обвинувајќи ги Хари ( и Меган) дека се неискрени кога зборуваат за грижата за климатските промени , а се возат со приватни авиони кои важат за загадувачи.
Војвотката од Сасекс на удар
Реагираше и Елтон на ваквите, како што беше речено, тендениозни написи во времето на отворената пресметка на помладиот син на британскиот крал Чарлс, но адвокатската фирма која ги застапува сите во нивната тужба против „Дејли Меил“ не открива детрали за кои примери на прислуѓување станува збор.
Војводата и војвотката од Сасекс од претходно се во „војна“ со овој лондонски таблоид кој важи за идеолошки близок на британските конзервативци, откако се има нафрлено врз Меган Маркл , уште во времето кога се разбра дека тие двајцата се во врска. Тоа продолжи и понатаму, после нивната венчавка во 2018 година, откако овој весник го објави приватното писмо на Маркл до нејзиниот татко во САД кој преку американските и британските таблоиди го обвинуваше Хари што не бил поканет на нивната венчавка.
Меган покрена спор со „Меил“ и успеа да ги добие двата случаи за повреда на приватноста, затоа што станува збор за приватно писмо, напишано на рака, од ќерката до таткото, во кое го моле да не се преснетува јавно со нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Хари ја брани Меган
Од тогаш , „Дејли Меил“ како уште повеќе да го засили притисокот врз Хари и Меган, посебно врз неа, па тие двајцата имаат објавено дека „не сакаат повеќе да имаат било каков контакт“ со сите водечки таблоди во Лондон, обвинувајќи ги за лажно и наметливо и тенденциозно пишување.
Уште во ноември 2016 година, додека американската актерка Маркл му беше само девојка на британскиот принц тој се огласи со соопштени во бритнските медиуми во кое обвинуваше – како што тогаш има речено- за расизам и за сексистичко однесување- барајќи од медиумите и делови на јавноста, да ја остават неговата девојка на мир.
Расизмот и во рамките на кралското семејство принцот го има споменато и во едно ТВ интервју за лондонската телевизија Скај, пред да соопшти дека ќе на напушти Британија, а потоа го повтори и во интервјуто во САД за Опра Винфри, кога тој и неговата сопруга открија дека го праѓувале каква ќе биде бојата на кожата на нивнотопрво дете.
(Д.Л.)