Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Австралија: Нема повеќе искачување на Улуру

bennymarty/BigStock.com

Австралија: Нема повеќе искачување на Улуру

Австралиските власти забранија искачување на светата карпа Улуру, една од најголемите знаменитости во Австралија и свето место на домашното, домородско население- на Абориџините.

Одлуката стапи на сила на 26 октомври, затоа што на тој ден, но во 1985 година, беше одлучено карпата и околното земјиште да им бидат вратени на сопствениците. Тоа е народот Анангу кои на забраната мораа да чекаат цели 34 години.

Карпата инаку долги години е светска атракција и туристичка мека во Австралија. Но за припадниците на оваа етничка група, таа е исклучително свето место на кое тие не се искачуваат.

„Црвената карпа“ како што популарно е позната локацијата во светот, се наоѓа во националниот парк Улуру-ката тјута, недалеку од градот Елис Спрингс, оддалечена над две илјади километри северозападно од Сиднеј. Карпата досега годишно ја посетуваа над 300 илјади туристи, во најголем број Австралијанци и Јапонци.

Според австралиските медиуми, на последниот ден од дозволеното искачување на Улуру, имало невообичаено многу туристи, кои чекале многу подолго од обично, затоа што силниот ветер не дозволувал туристите, за последен пат, да се искачат на карпата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе