Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Девет години се криеле од крајот на светот

ronniechua/BigStock.com

Девет години се криеле од крајот на светот

Едно семејство е откриено на осамена фарма во Холандија, каде девет години се криеле во очекување да се случи „крајот на светот“.

Во соопштението на холандската полиција се вели дека покрај еден 58 годишен маж за кого е утврдено дека е сопственик на фармата, во специјално уредено скривалиште, во визбата на фармата, биле откриени и неговите шест деца- сите на возраст меѓу 16 и 25 години. Сите тие живееле сокриени и во длабока изолација, без никаков контакт со надворешниот свет, чекајќи секој ден тој да исчезне!

Според локалните медиуми, сите заточеници во скривалиштето се извлечени и згрижени. Мажот за кого се верува дека е татко на семејството, е уапсен, затоа што не сакал да соработува со полицијата во отворената истрага.

Не се знае каква е здравствената состојба на шесте деца кои биле ставени во изолација како мали и како тинејџери, па сите пораснале во визбата. Тие ништо не знаат што се случувало со светот и со нивната најблиска околина. Нема никакви податоци за тоа каде е нивната мајка.

Луѓето биле пронајдени на фармата „Руневолд“ сосема случајно, после пријавувањето на сопственикот на блиската пивница во која секогаш има многу локални луѓе. Тој ја известил полицијата откако во пивницата влегол млад човек кој побарал помош, изјавувајќи дека девет години не излегол надвор. На кафеанџијата му признал дека побегнал од фармата затоа што повеќе не можел да издржи.

Никој не знае како преживеале сите девет години, ниту во какви услови живееле.

Соседите на фармата сега признаваат дека не може да поверуваат оти сето ова се случува во Холандија, во 21 век, во нивното најблиско соседство. Тие признаваат дека гледале како маж работи на фармата, сам околу градината, но мислеле дека тој нема семејство. Никогаш не забележале жена, ниту деца, или дека било кој друг влегува и излегува.

Фармата „Руневолд“ е сместена во малечка шума, малку оддалечена од главниот пат, но сепак, таа е на само 200 метри од последните куќи во селото.

Соседите гледале дека околу неа има обработено земјиште на кое се одгледува зеленчук, како и дека пасат кози. Се верува дека тоа е она што ги одржувало во живот, додека биле сокриени и во целосна изолација, во очекување да се случи „ крајот на светот“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе