Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

И нудистите мора да носат маски

mikeledray/BigStock.com

И нудистите мора да носат маски

Властите во Чешка имаат воведено строги мерки за одбрана од ширење на пандемијата со коронавирусот, меѓу другото и со задолжителното носење маски за лице. На тоа се задолжени сите граѓани во државата, па и нудистите – пишува Си-Ен-Ен.

Ваквата мерка била донесена во средината на минатиот месец, откако во земјата нагло бил зголемен бројот на заразените лица. Тогаш полицијата почнала ги предупредува граѓаните да имаат маски на лице, секогаш кога се надвор од своите станови и куќи.

А токму во тоа време, чешката полиција била известена и дека во едно мало место, источно од Прага „има луѓе кои го користат затоплувањето на времето за да се сончаат голи, но дека ниту еден од нив немал на себе – маска на лицето“!

Нудистите не биле опфатени со првичните мерки, па властите одлучиле го дополнат своето првично соопштение за борбата со пандемијата.

„Граѓаните, на определени локации може да се сончаат голи, како нудисти, но дека мора на себе да имаат и маски и да не се собираат во групи“ – се вели во новата верзија на соопштението на чешките власти.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе