Објавени нови документи за убиството на Кенеди
Американската влада почна да објавува нови документи – означени како доверливи- за атентатот врз тогашниот претседател Џон Кенеди, извршен во Далас, во сојузната држава Тексас уште пред повеќе од 60 години.
Објавувањето на документитите доаѓа откако Доналд Трамп , во јануари издаде една од неговите досегашни бројни декрети и претседателски наредби за – отпечатување на досега запечетаните доверливи документи за убиството од 22 ноември 1963 година. Настан за кој и после толку години Американците продолжуваат да градат разни теории на заговор.
Дали Ли Харви Освалд делуваше сам
Историчарите , меѓутоа, не очекуваат дека оваа најнова пратка документи што е дозволено да бидат обелоденети ќе донесе нешто спектакулармо ново и големо и нешто што досега -повеќе или помалку- не било познато.
Не е ова прв пат да се објавуваат делови од тајните документи за атентатот, затоа што тоа се случи за време на првиот трампов мандат, како и за време на администтацијата на Џо Бајден, но тогаш сето тоа беше направено со далеку помала помпезност. Предвидено е сега да може да се публикуваат околу 80 илјади страници кои досега биле означени како класифицирани.
Досега се отворени стотици илјади вакви документи, но главнината и натаму останува тајна, поради, како што се вели, во интерес на националната безбедност на САД. Многумина Американци, родени со години после убиството на популарниот претседател, не веруваат во извештајот на Вореновата комисија за атентатот и за заклучокот дека Ли Харви Освалд делувал сам при убиството на Кенеди.
Бројни теории за заговор
Според американските медиуми не се знае колку од она што сега е дозволено да се публикува е сосема ново. Но, весниците откриваат дека стотици ново објавени документи се покриени со црн фломастер, или едноставно се избледени и тешко читливи.
Она што официјално е познато за атентатот е дека Ли Освалд го има убиено Кенеди со снајпер пушка од таванскиот дел на една издавачка куќа на улицата по која минувала претседателската колона со возила. За него се знае дека е самопрогласен марксист кој има избегано во тогашниот СССР. од каде се има вратено- оженет со Русинка.
Бројни анкети направени во текот изминатите децении, меѓутоа, покажуваат дека мнозинството Акериканци не верува дека Освалд е единствениот кој пукал во претсдателот Кенеди. Се сомнева дека во атентатот биле вклучени и владини агенти, како и мафијата против која дејствуваше кенедиевата администрација, но во оптек се и некои други заговорнички теории.
Во 1992 година, Конгресот на САД има усвоено закон за објавување на сите преостанати документи врзани за истрагата, во периодот од 25 години.
Боби и Мартин Лутер Кинг
Со указот на Трамп се предвидува да се објават и документите за убиството на сенаторот Роберт Кенеди, брат на убиениот претседстел и татко на сегашниот трампов министер за здравство, некогшен угледен демократски политичар, како -што е целото семејство Кенеди.
Роберт Боби Кенеди беше убиен од Палестинецот Сирхан Сирхан, во еден хотел во Лос Анџелес, за време на претседателската кампања во 1968 година. Се смета дека доколку не беше убиен, Боби Кенеди ќе беше избран за претседател.
Со овој пртседателски указ е опфатено и објавувањето на документите за убиството на црнечкиот лидер Мартин Лутер Кинг.И тој, како и Роберт Кенеди беа убиени во истата 1968 година.
