Србија : Шеесетина лица во болница од „звучниот топ“
Шеесетина лица досега се примени и задржани на лекување – само во болницата во Земун- после нападот со т.н.„звучен топ“ што се случи за време на поламилионскиот протест на студентите и граѓаните на Белград и на Србија, одржан во саботата – во времето на 15 минутното одавање почит на загинатите , од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Повеќе од половината имаат оштетување на слухот, додека кај други има регистрирани оштетувања на системот за рамнотежа или други пореметувања врзани за главата, како и на електронските помагала- како пејс мејкерите, вградени на лугето, за да се потикне работата на оштетеното срце.
Тајната служба го контролира лекувањето
Белгрдски медиуми откриваат дека лекарите биле задолжени сите вакви пациенти да ги означат посебно од другите – со буквата „П“- за да се разликуваат од другите болни и да се знае дека биле на масовниот протест.
Според овие извори, земунската болница била задолжена од српската тајна служба БИА, целата документација за овие луѓе да биде испратена на оваа разузнавачка агенција.
Првите проценки се дека бројот на оние кои се повредени од ова оружје и кои побарале медицинска помош е многу поголем. Се смета дека околу 700 лица кои биле блиску до нападот , или недалеку од неговиот епицентар, имаат побарано помош и се жалеле на губење на слухот и на општа зашеметеност.
Поради инцидентот со ова сонично оружје , голем број луѓе побрале помош во ургентниот центар на неуролошката клиника , уште во саботата, во текот на ноќта и но неделата, но лекарите не може да определат колкава била точната бројка. Познати е само дека голем број од оние во масата луѓе кои биле на протестот, се прегледани и во амбулантата за интензивна нега.
Деманти на власта
Во меѓувреме , се пожестпка е расправата во српската политичка јавност за тоа -што ги повреди сите овие луѓе- за среќа без трагични последици- затоа што ражимските медиуми и властите продолжуваат да тврдат дека ништо од она што обвинува опозицијата не е точно.
Прво дека не е употребенно никакво „тајно оружје“ против масата луѓе, дека вината (практично) е кај студентите и граѓаните за инцидентот , како и тоа дека Србија нема „звучен топ“.
Организаторите на- како велат- најмасовниот протест во историјата на Србија, меѓутоа , обвинуваат дека режимот на српскиот претседател, намерно, со помош на контрамитигашите , има изведено удар врз достонствениот протест – недозволувајќи да се одржи до крај 15 минутното одавање почит на новосадските жртви.
„Србија има вакво оружје“
Безбедносни експерти тврдат дека Србија, сепак, има набавено вакво оружје, уште во 2020 година и дека било тестирано на воен полигон, врз полициски сили, но дека ефектот на таков простор е неспоредлив со неговата употреба врз маса луѓе, натиснати едни во други, во градски улици.
Се смета дека целта на власта била да се создаде паника, да се направи стампедо, во кое би имало жртви и повредени и да се обвинат студентите и опозицијата, а тоа да се искористи за некакво воведување вонредна ситуација, со цел да се задуши обоената револуција во Белград и во Србија.
Тоа не се случи, но според белградски медиуми, режимски политичари и функционери на моќната српска владеачка партија СНС на Вучиќ, ја прославувале победата над револуцијата.
Наводно, му се заблагодарувало на потпретседателот на владата (А.Вулин) затоа што „звучниот топ“ ја има „задушено обоената револуција“ на студентите. Станува збор за човек за кого се вели дека му е крајно лојален на српскиот претседател, но и дека е максимално близок до Путин, Досега беше министер за полиција, за војска , а едно време беше шеф и на српската тајна служба.
(Д.Б;)
