„Не може претседателот да биде најголем лажго“
Како се приближува 15 март и денот, кога во Белград се закажани големи студентски демонстрации, какви низ Србија има секој ден, во изминатите четири месеци, напнатоста е се поголема а поделбата во земјата се продлабочува.
Посебно што власта и режинските медиуми упорно ги обвинувата само студентите за целата ситуација и за хаосот во кој подолго време се наоѓа државата.
Нема „обоена“ револуција
Тие секојдневно ја заплашуваат српската јавност дека студентите прават „обоена револуција“, за собрување на власта на( семоќниот претседател Александар Вучиќ, кој аворитарно владее со Србија веќе 13 години), а во изминатите денови и за тоа дека за денот на протестот студентите планираат да предизвикаат судири со полицијата , со „лојалистите“- подржувачи на режимот,- како и насила да навлезат во зградата на Парламентот- за да се присилат шефот на државата да прогласи преодна влада.
Студентите , пак, ги отфрлаат таквите обвинувања означувајќи ги како клеветење и како заплашување на граѓаните за да во што помал број се појават на протестот. Студентите остануваат на својата основна цел- да се исполнатсит сите нивни барања истакнатаи после трагедијата во Нови Сад, со настрешницата на железничката станица, во која загинаа 15 лица меѓу кои и три деца, да се откријат и да се казнат вистинските виновници.
Според нив, режимот во Србија е директнио виновен за несреќата која ги соголи криминалот, големата корупција во врвот на власта и купувањето на разните подинвестори, што придонесе реновирањето на станицта да биде повеќе од три пати поскапа.
„Пресметка со народот“
„Не првиме никаква револуција, туку напротив бараме само (конечно) Србија да стане правна држава, во која функционираат редот, правото, правдата и демократскиот систем, како што тоа го имаат сите нормални држави во Европа“- велат од сега веќе моќното и масовно студентско движење.
Белградскиот новинар и публицист Петар Поповиќ, затоа, констатира дека студените и граѓаните се во право бидејќи – „Србија веќе одамна, цели 13 години, не е држава како што треба„.
Според него, претседателот на државата не може цело време од мандатот (како министер, премиер и претседател ) да се пресметува со народот. Не може претседателот да биде најголемиот лажго во државата“ кој на јавноста ќе и се обраќа со лажни тврдења, обвинувајќи други за хаосот и за сегашните случувања- пректично, бранејќи се себе си.
Студентите порачуваат дека досега се одржаа низа масовни протести против актуелната власт- во Нови Сад и во Белград, каде се собраа над 100 илјади граѓани, како и во Крагуевац и во Ниш, без ниту еден инцидент.
Без разлика што се соочуваа со насилни напади со автомобили во движење врз оние кои им одаваа почит на загинатите во новосадската несреќа, изведени од партиски насилници на вучиќевата СНС партија, која од Србија има направено да стане „заробена држава“.
По примерот на Орбан
Токму претседателот на државата, меѓутоа продолжува да зборува за некакво „тајно сценарио“ за „немири и нереди“наводно планирани за 15 март, со „убивање по улиците“ и со сздавање на некаква „болшевичка револуција“ , платена од „тајни западни извори“.
Наводно, финансирани од Џорџ Сорос ( по паметот на Виктор Орбан), па затоа режимот во Србија е единствениот во Европа и светот кој го поздрави затворањето на УСАИД програмата за демократизација во земјите во посткомунизмот и се огласи дека има поведено истрага за да се види „злоупотребата“ на американските пари.
Станува збор за формулација на главниот трампов советник Илон Маск , која инаку ја има искоментирано и екс премиерот -бегалец од Северна Македонија. Човекот кој се смета за креаторот на најголемото криминално однесување во државата не само што што ја подржал трамповата одлука, туку ги обвинили демократите дека му ја уривале неговата (груевистичка)- инаку деспотска власт.
Претстава со повреден полицаец
Во српскиот случај лагите и заплашувањто на народот- да не доаѓаат во Белград и да не одат на протестот- се претвора во вистинска хистерија која добива застрашувачки размери.
Лично шефот на државата се појави со повредениот припадник на српската жандармерија ( полувоена единица за специјални намени) кој остана повреден ( од полициската интервенција) за време на испровоцираните немири во Нови Сад, пред зградата на РТ Војводина).
Се огласи министерот за здравсто тврдејќи дека „лекарите се борат да му го спасат десното око“ на полицаецот. Тоа го потврди и Вучиќ обвинувајќи „еден студент“. Се покажа дека повредата е на левото око. Освен тоа, независни медиуми емитуваа тонска снимка од изјава на полицаецот за тоа дека повредедата – ненамерно- му ја има нанесено друг полицаец при обидот со пендракот да удри еден демонстрант. Сепак , полицијата трага по „насилниот студент“- за да го уапси.
Таква претстава била направена и со наводниот напад врз министерот за култура. Власта тврди дека од „физичкиот напад“ ( на студент) министерот морал да бара лекарска понош. Но, се огласија сведоци кои тврдат дека станува збор само за вербална расправија, Другиот ден министерот се појави со фластер на лицето.
Платени лажни студенти
Во најновиот пример на заплашување, јавноста во Белград е соочена со контра протестот на режимската пропаганда со лажни студенти кои тврдат дека – протестираат затоа што сакаат да учат- а овие вистиксите студенти тоа не им го дозволуваат.
Станува збор за обични платеници кои „никогаш не влегле на некој факултет“ кои секој ден добиваат храна, имат греење, иако се верува дека и не спијат во шаторите, имаат на располагање мобилни вц кабини, а од пред некој ден малите шаторчиња им беа заменети со пространи-војнички. Се откри дека за таа своја желба за стидирање примаат и по п0 100 евра на ден.
(С.Г,)
