Изборот го спаси Трамп од казнување
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе беше осуден – за илегалниот обид да ги собори резултатите од изборите во 2020 година, доколку не победеше на изборите во ноември- стои во извештајот на специјалниот обвинител Џек Смит.
Документот има 137 страници и веќе се има појавено во медиумите на САД, откако претходно беше испратен во Конгресот.
Напад на Конгресот
Станува збор за случајот од јануари 2021 година, кога во тоа време се уште актуелниот шеф на државата, директно се замеша во изборите Трамп, директно се замеша во изборите.
Еден федерален судија овозможи, првите две поглавја од извештајот на обвинителот Смит- да бидат достапни за јавноста тогаш кога документот ќе биде публикуван.
Можноста да бидат објавени и оние поврзани со случајот – кога поразениот претседател на САД, наместо да ги предаде сите документи од претседателската канцеларија во Белата куќа на државната архива, како што тоа го налага законот, Трамп ги однесе дома, во својата богата вила во Мар-а-Лаго во Флорида- треба одделно да се разгледува
Запрен целиот процес
Но, тужителот Смит ги затвори случаевите врзани за нелегелното трампово однесување во последните денови од неговиот мандат 2016/2020 година, откако Трамп победи на последните, ноемвриски претседателски избори.
Тоа беше направено врз основа на прописите на министерството за правда на САД, според кои се забранува судско гонење на претседателот додека е на должноста шеф на државата.
Во завршниот извештај, специјалниот обвинител посочува дека став на ова министерство ( кое инаку го именува Смит на таа позиција) е дека американскиот Устав забранува продожување на обвинувањето и судското гонење на некој претседател.
Навредување на обвинителот
При што, тоа не се однесува и на сеиозноста на обвинувањата и на силината на доказите и мерилата на обвинителството- зад кои стои канцеларијата на специјалниот обвинител.
Веднаш по појавувањето на извештајот, Доналд Трамп во својот познат арогантен и насилнички стил на однесување и комуницирање, на својата социјална мрежа го има грубо дисквалификувано обвинителот Смит.
Го има наречено како- „човек со пореметена памет“, а сите негови наоди ги има означено како „лажни“.